More

    Ќе стопите сало со едноставен трик: Вака одење ќе согорите 60 отсто повеќе калории

    spot_img

    Не треба да одите во теретана за да бидете фит и здрави. Тоа можете да го постигнете многу лесно и бесплатно, на пример со редовно прошетка.

    Освен што помага при слабеење, пешачењето го подобрува и општото здравје, на пример, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, а може да биде добро и за менталното здравје.

    Брзо пешачење од десет минути дневно има многу здравствени придобивки и се вбројува во препорачаните 150 минути неделно вежбање. Но, ако вашата цел е да изгубите тежина, тоа не е толку лесно, бидејќи треба да согорите повеќе калории отколку што внесувате.

    Пешачењето согорува околу 100 калории на 1,6 километри, но со зголемување на интензитетот можете да согорите повеќе, а тоа можете да го направите со промена на техниката на одење, пишува Дејли Стар.

    Одење по угорница топи сало
    Истражувањата покажаа дека брзото одење со брзина од 5,6 километри на час по угорницата согорува 60 отсто повеќе калории отколку одење на рамна површина. Истражувањето, објавено од Very Well Fit, покажало дека лице со тежина од 68 килограми согорува дополнителни 48 калории на 1,6 километри.

    Исто така, Американскиот колеџ за спортска медицина откри дека секој наклон од еден процент ги зголемува потрошените калории за околу 12 проценти. Тоа е еднакво на десет калории повеќе на 1,6 километри за лице со тежина од 68 килограми. Затоа, десет проценти зголемување ќе ви помогне да согорите двојно повеќе калории по милја.

    Ако имате пристап до лента за трчање, можете лесно да го поставите наклонот за да следите колку калории согорувате, пренесува Net.hr.

    Иако може да биде тешко да се одржи стабилен наклон додека одите надвор, обидете се да изберете терен кој е разновиден за да го зголемите пулсот. Метаболички еквивалентни истражувања покажуваат дека согорувате 6,6 отсто повеќе калории на 1 милја отколку одење на рамна површина.

    Дури и ако одите по угорнина проследено со одење по удолница, сепак ќе согорите повеќе калории отколку одење на рамна површина. Затоа, дефинитивно обидете се!

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img