More

    Камерата го сними морничавиот момент кога директорот падна од 5 метри висина

    spot_img

    Директорот на индиска мултинационална компанија загина откако паднал од висина од пет метри на корпоративна прослава.

    Камерата го сними застрашувачкиот момент кога Санџај Шах и Вишванатан Раџу Датла, извршен директор и претседател на технолошката компанија Вистек, испаднаа од кафезот што го користеа за да се симнат на сцената.

    На видеото се гледа дека кафезот ненадејно се стресе во моментот кога на бината се запали пиротехниката и само секунда откако водителот на програмата побара од публиката да ги поздрави челниците на компанијата со аплауз.

    Според локалните медиуми, Шах и Датла паднале од височина од четири и пол метри, што е приближно исто како паѓањето од првиот кат. Еден од милионерите при падот целосно се превртел и паднал со глава на земја. Шах загинал во несреќата додека Датла е во критична состојба.

    Индиските медиуми јавуваат дека се верува дека трагедијата се случила кога се скинала една од жиците што го држеле кафезот.

    Шах и Датла беа во Индија за да го прослават сребрениот јубилеј на Вистек Азија, кој требаше да се слави два дена во познатиот филмски град Рамоџи во Абдулапур.

    – Спуштањето на подиумот од кафезот беше планиран настан за почеток на прославата – изјави претставник на компанијата.

    Основана од Шах во 1999 година, Вистек е добро позната консултантска фирма со повеќе од 20 глобални канцеларии и голема листа на клиенти која вклучува GM, Yamaha, Coca-Cola…

    Тој е роден во Мумбаи, но емигрирал во Америка пред неколку децении.

    Шахот бил голем филантроп. Во 2020 година, тој ја отвори болницата Вистек во индискиот град Бихар, која стана призната како национален модел на институција за лекување на ковид-19.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img