More

    Каква треба да биде економска политика по неколкуте кризи?

    spot_img

    Потребно да се засили улогата на државата во економијата, а трансформацијата треба да се потпира врз 5 столбови – зголемување на јавните вложувања во обновлива енергија и други аспекти на зелената транзиција, зголемување на јавните инвестиции во социјална заштита, образование и здравство, спроведување на подобри земјоделски политики, подобрување на политиките со цел да се привлечат странски инвестиции, како и воведување попрогресивни даноци.

    Ова го порачаа во своите дискусии економски експерти во дебатата за публикацијата „Нова ера, нова надеж” која нуди нов концепт на водење на економијата по соочувањето со најголемите здравствени, економски и воени шокови изминативе неколку години.

    Во однос на прашањето што треба да направи Европската Унија за да го поддржи регионот, експертите сметаат дека Унијата треба да го промени својот сегашен пристап кон регионот, со тоа што ќе го сфати регионот многу посериозно. Ова треба да биде комбинација од побрза интеграција во ЕУ, поголема вклученост во решавањето на регионалните политички прашања, како и обезбедување на итна и соодветна финансиска поддршка.

    – „Нова ера, нова надеж” предлага нов концепт на водење на економијата во кој подеднакво се води сметка и за социјалните и за еколошките предизвици. Продолжуваме и понатаму да се залагаме за економија која е праведна, а ќе продолжиме и со креирање простор за широк јавен дијалог кој ќе ги вклучи сите засегнати страни и ќе иницира понатамошни дискусии на овие значајни теми, кои се од голема важност за иднината на сите нас –  рече проектната координаторка во ФЕС Ивана Вучкова.

    Професорот Драган  Тевдовски, смета дека фискалниот простор е клучен за да може државата да одговори на криза давајќи го примерот со ковид кризата којашто покажала колку е важен фискалниот простор на земјата. Тој посочи дека кај нас постои можност фискалниот капацитет да се зголеми со подобрување на приходите на државата. Вториот елемент на којшто треба да биде поставен фокусот е намалување на јавниот долг.

    Академик Абдулменаф Беџети, рече дека историски гледано, најголемите промени во даночната сфера се случувале токму за време на најголемите кризи. Тој потенцираше дека државата треба да се биде се’ почесто присутна, да поддржува и да создава амбиент со системски решенија во сите сфери од општественото живеење.

    Според професорот Ванчо Узунов, за намалување на негативното влијание од недостатокот на работна сила неопходно е преземање на повеќе мерки, меѓу кои пораст на просечната продуктивност, пораст на бројот на работоспособно население, како и променување на начинот на користење на времето. Узунов рече дека подобрувањето на квалитетот на образованието треба да биде во правец на воведување и широко изучување на сплет на знаења наречени „вештини за 21 век” кои недостасуваат во земјава, како критично мислење, креативно мислење, соработување, комуницирање, писменост за информации, медиумска писменост, технолошка писменост, флексибилност, ефикасност и ефективност, вештини за делување во општествена средина.

    За професорот Глигор Бишев државата и домашниот приватен сектор потребно е да ги зголемат значително инвестициите во образование, истражување и развој. Тој потенцираше дека потребни ни се иновативни политики и идентификување на носители на промените, а во тој дел ја гледа и улогата на Фондацијата Фридрих Еберт и ги охрабри за понатамошни истражувања во јавноста.

    Според професорот Драган Миновски, енергетската транзиција е процес кој е веќе присутен во земјава, меѓутоа за успешна енергетска транзиција потребна е стратегија која ќе има силен политички консензус и во која граѓаните ќе имаат централно место.

    Олимпија Христова-Заевска посочи дека земјава треба да гради модел на привлекување на странски директни инвестиции заснован на сериозни инвестиции во основа и применета наука. На тој начин, државата ќе може да го апсорбира знаењето кое доаѓа од странските директни инвестиции, но и да создава ново знаење и да напредува технолошки.

    Дебатата беше организирана од Фондацијата „Фридрих Еберт” – канцеларија Скопје (ФЕС).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img