More

    Како се случи тротинет да биде симбол на женскиот активизам

    spot_img

    Сезоната на електрични скутери веќе е во полн ек. Секој од нас има свое мислење за овие чудни електрични тротинети, кои станаа популарни во последниве години, како практично превозно средство низ градскиот метеж.

    Мислењата си се мислења, но малкумина знаат дека со новите електрични скутери завршува еден круг во еволуцијата на овие возила, кој започна некаде кон крајот на 19 век и во почетокот на 20 век.

    Погледнете ја оваа дама на фотографијата. Станува збор за извесна Лејди Флоренс Норман. Таа е борец за женски права. Денес би ја нарекле активистка. Зборот суфражетка е помалку познат.

    Оваа дама е снимена на својот скутер во 1916 година. Таа патува на работа во канцелариите во Лондон каде што била супервизор.Моделот што таа го вози вака супериорно и со стил се вика автопед („Аutoped“).

    Радоста на кик-скутерите

    Но, пред да се навратиме на овој револуционерен модел, да се потсетиме малку на историјата на електричните скутери. Како и повеќето пронајдоци, развојот на модерниот модел на електрични скутери не се случува преку ноќ.

    Приказната почнува со т.н. кик-скутерите, кои датираат од 19 век. Како што покажува името, скутерот со удар се движи со помош на нашата нога, со која го туркаме ова мало возило на две тркала. Повеќето кик-скутери тогаш биле направени од дрво, со тркала за скејт. Се користеле за многу кратки растојанија. И многу години подоцна, низ десетлетијата, кик-скутерите останаа популарни меѓу децата, како идеална справа за играње и за трки.

    Скутерот со удар доживеа револуција во втората половина на 20 век. Пронаоѓачот на овој модел на кик-скутер го дизајнирал така да може да го одведе од неговата куќа до неговиот омилен локален бар. Скутерот на ззвесен Вим Оуботер бил мал, лесен, пренослив, прилагодлив и едноставен за туркање.

    Автопед бензинец? Да, имало и тоа!

    Производството на моторизирани скутери исто така почнува во 19 век. „Autoped Inc.“, компанија од САД, почнува со производство на скутери чиј пронаоѓач е  Артур Хуго Сесил Гибсон.

    Моторот на скутерите „Autoped“ го придвижувал бензин. Бензинецот автопед се возел на тркало од 10 инчи. Иако изгледал слично на модерниот модел на електричен скутер, имал поинаков режим на работа.

    Возачот го контролирал моторниот скутер на „Autoped“ користејќи ги само рачките и управувачката шипка. Спојката се активира со туркање на рачката и на управувачката шипка напред и се деактивира со повлекување на рачката и на управувачката шипка наназад, за да се активираат сопирачките на скутерот. Забрзувањето се контролирало со лост на рачката што се користeл како гас. Скутерот имал и сирена, задни светла, фарови и кутија со алатки за лесна поправка на дефект. Моторот (4-тактен, 155 кубни сантиметри, воздушно ладење) се наоѓал над предното тркало.

    Симбол на слободното движење

    Да се вратиме сега на моделот што го прослави со оваа фотографија суфражетката Лејди Флоренс Норман. Станува збор за ран моторен скутер произведен од компанијата „Autoped“ од Лонг Ајленд Сити, Њујорк, од 1915 до 1922 година. Автопедот излегува од производство во САД во 1921 година, но ќе се произведува и од Круп во Германија, од 1919 до 1922 година.

    Ваквите скутерите ги користеле работници од сите сфери на животот, поради нивната достапност. Поштарите можеле рано да доставуваат писма. Полицијата ги користела за патролирање.

    Автопед (Аutoped) секако бил и симбол на јакнување на жените. Тоа се гледа и од оваа впечатлива фотографија.

    Приказната е нецелосна без моделот на „Пежо“

    Еволуцијата на скутерите продолжува со скутерот на Круп, се до 1922 година. Многу подоцна, во 1996 година, „Пежо“ ќе донесе нова револуција со масовно производство на електрични скутери. Иако тие скутери не беа стоечки, како сегашните и како оној од фотографијата, еволуцијата на скутерите не може да се опише без да се спомне „Scoot ‘Elec“, феноменалниот модел на „Пежо“.

    Сосема неочекувано во светот на техниката и технологијата, еволуцијата на електричните скутери како да завршува во круг. „GoPed’ започна со производство на скутери на гас во 1980-тите, слични на оние на „Autoped“. Со производство на одржливи батерии, „GoPed“ го произведе првиот модерен електричен скутер што го гледаме денес.

    Што е следно во еволуцијата на електричните скутери? Можеби уште еден круг назад?

    Додека размислуваме на таа тема, погледнете колку беше популарен автопед пред 100 и кусур години:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img