More

    Леонардо Дикаприо и Ирина Шајк две вечери по ред уловени заедно

    spot_img

    Дали се подготвува нова ѕвездена врска? Актерот Леонардо Дикаприо и моделот Ирина Шајк беа забележани заедно две вечери по ред, прво на забава на фестивалот Коачела, а потоа и на фестивалскиот настап на Френк Оушн во неделата вечерта. Дуото очигледно дошло заедно на концертот, пишува „Пејџ сикс“ и се дружеле со поголема група луѓе, меѓу кои и манекенката Стела Максвел. Ирина и Леондардо неколкупати беа фатени во интимен разговор, што беше доволно за многумина да се запрашаат дали се работи за нова љубов.

    Кон крајот на минатата година се шпекулираше дека 37-годишната манекенка се смирила со нејзиниот поранешен партнер, актерот Бредли Купер (48).

    Претставниците на Ирина Шајк и Дикаприо не одговорија на барањата на „Пејџ сикс“ за коментар за нивната врска. Порталот потсетува дека врската со Купер била последната јавно позната врска на Ирина. Парот сега ја има шестгодишната ќерка Леа Де Сејн Шајк Купер, а раскинаа во 2019 година, по четири години врска, но останаа во пријателски односи. Извор во ноември откри дека Бредли и Ирина се обидувале да ја обноват емотивната врска и да зачнат второ дете на семејно патување, бидејќи би сакале малата Леа да има брат или сестра. И покрај овие шпекулации, се чини дека второ дете сепак не е на пат.

     

    Дикаприо раскина со својата долгогодишна девојка Камила Мороне минатото лето откако таа наполни 25 години. Подоцна, оскаровецот беше поврзуван со 27-годишната манекенка Џиџи Хадид. Обично се тврди дека тоа е крајната возраст што Дикаприо „ја толерира“ за своите девојки, па јавноста веројатно внимателно ќе следи како се развива можната врска со светскиот топмодел Ирина Шајк која на 37 години не е ни блиску до возраста на претходните партнерки на познатиот актер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img