Јужнокорејски и американски специјалци од Зелените беретки вежбаа отстранување на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и објавија снимка во која се симулира негова смена

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јужнокорејски и американски специјалци од Зелените беретки вежбаа отстранување на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и објавија снимка во која се симулира негова смена. Обуката, тврди јужнокорејскатa армија, треба да ја зголеми способноста за земјата да се одбрани од напад на соседна Северна Кореја. Како одговор на ова, Џонг Ун и нареди на морнарицата на неговата земја да биде подготвена за „итни воени операции“, јави Корејската национална медиумска служба КЦНА, пренесе Ројтерс.

Вежбите на јужнокорејцитте и Американците се одржале на само 51 километар североисточно од главнито град Сеул во комплексот „Родригез во живо“ во Почеон. Маневрите вклучувале и инфилтрација на специјалци, без сон, идентификување на цели па сé до симулирање воздушни напади.

„Се изведуваат вежби за зајакнување на индивидуалните борбени вештини, како што е целното убивање“, се вели во извештајот.

Од друга страна, Ким Џонг Ун, посетувајќи го бродоградилиштето Нампо во провинцијата Јужен Пјонган на околу 60 киломери од главниот град на Северна Кореја Пјонјанг повика целосно спроведување на политиката  за бородградба и поморско распоредување, објави државната Корејска централна новинска агенција (КЦНА). Се работи за петгодишен поморски план на Северна Кореја.

– Ким Џонг-ун има намера да ги насочи(поморските сили) да градат нуклеарни подморници како што е планирано, дури и ако тоа значи истовремено да работат со бродоградилиштата Синпо и Нампо – рече Мун Кеун-сик, професор на училиштето за јавна политика на Универзитетот Ханјанг и додаде:

– Целта е да се развијат нуклеарни подморници со способност за превентивен напад преку јужнокорејскиот систем Kill Chain, и кои можат да монтираат балистички и крстаречки ракети лансирани од подморници.

 

Share This Article