Јелена Докиќ се врати во нова улога, но сè уште ја носи тажната приказна

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Некогаш познатата австралиска тенисерка од српско потекло, Јелена Докиќ, повторно е дел од грен слем турнирот Австралија Опен, но во поинаква улога – како водителка ги интервјуира тенисерите по нивните мечеви.

Нејзиното враќање ја врати тажната семејна приказна која го следи нејзиниот живот и своевремено ја уништи нејзината тениска кариера. Насилството на нејзиниот татко Дамир Докиќ долги години беше траума за Јелена, а како што вели тоа не престанало ни ден денеска.

– Се обидов да се смирам со татко ми, еднаш или двапати. Без разлика на сè, надевајќи се дека можеби ќе успееме да ја зачуваме врската кога станува збор за семејството – вели Јелена Докиќ.

Но и во тој обид, наместо извинување, доживеала ново разочарување од својот насилен родител.

-Ваквите ситуации се многу тешки. Многу е тешко кога некој не сака да се покае или не може да каже – извини. Напротив, тој дури вели дека повторно би го направил тоа. Сето тоа ми е многу тешко – открива Јелена, потсетувајќи дека последен пат била во контакт со нејзиниот татко пред десет години.

 

Таа сепак е среќна што сега ситуацијата со другите членови на нејзиното семејство е многу подобра и дека конечно има мир во животот.

– Со брат ми Сава имам одлични односи, а со мајка ми по тешки разговори ја вратив врската на добро место – додаде таа.

Јелена Докиќ блесна на тениските терени во 1999 година, кога од квалификациите стигна до полуфиналето на Вимблдон, победувајќи ја Мартина Хинигс, тогаш водечката тенисерка во светот. Но, семејните проблеми предизвикани од насилството на нејзиниот татко кој често предизвикуваше инциденти и на тениските мечеви, ја засенија нејзината кариера. Таа откри дека нејзиниот татко психички и физички ја малтретирал и поради тоа паднала во депресија.

- Advertisement -
Ad image

Јелена Докиќ сега има 40 години и живее во Мелбурн, активна е во борбата против семејното насилство.

Share This Article