Огромен недостаток е што учениците во Македонија цела година се оставени без учебници, реформа не може да биде колку ќе трае часот и не може во три години да се менуваат три пати учебниците, објаснува Весна Јаневска, потпретседателка на комисијата за образование од ВМРО-ДПМНЕ во Детектор на ТВ Сител. Според неа, измените власта почнала да ги прави во лош период, сред пандемијата со ковид-19.
– Учениците се незадоволни од тоа што немаат учебници. Учебници мора да има, ги нема ни дигиталните кои ги најавија, а не се ни спремни за тоа. Процедурата за учебник не е долга, има кратки рокови, но треба навреме да се почне. Пред некој ден од МОН пратија упатство за заштита на учениците, каде се бараат огради околу училиштата, а во 260 училишта има 1 до 13 деца. Наместо да се усмерат средствата за учебниците или за наставен кадар. Парите се трошат непродуктивно – изјави Јаневска.
Таа вели дека идната власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе бара консензус за образованието за следните 10 години.
– Мора да се направат промени, само разликата со следната власт ќе биде што нема да се однесуваме како Мила Царовска, Десковска и другите, туку ќе побараме консензус за образованието за најмалку следните 10 години – додава таа.