Јајцата се на нашето дневно мени речиси секој ден, но дали знаевте дека не се здрави во комбинација со сите намирници?
Јајцата се богати со хранливи материи и обезбедуваат бројни здравствени придобивки бидејќи се добар извор на протеини и можат да помогнат во намалување на воспалението, подобрување на здравјето на коските и здравјето на мозокот.
Тие се јадат за појадок, после тренинг или како ужина, а можат да се подготват на многу начини – варени, пржени матени јајца. Сепак, треба да внимавате со што ги јадете јајцата. Само затоа што се здрави, не значи дека можете да ги комбинирате со нездрави состојки.
„Поради висококвалитетните протеини и витамините Б кои ги содржат, нема сомнеж дека јајцата можат да бидат дел од здрава и урамнотежена исхрана. Но, кога тие се јадат заедно со храна богата со масти, натриум и други нездрави состојки, сето тоа оди во вода“, вели диететичарот Лорен Манакер.
Јајцата често се јадат со колбаси и пржени компири. Таквата храна е полна со заситени масти и сол.
„Кога ќе одлучите да јадете јајца, задолжително јадете ги со друга хранлива храна како авокадо, леб од цели зрна и зеленчук“, предупреди Манакер, а пренесува klix.ba.