More

    Постојат три главни причини поради кои доаѓа до грчење на нозете при пливање

    spot_img

    Постојат три главни причини поради кои доаѓа до грчење на нозете при пливање. Постијат и три општопознати начини како да се справиме со таквата ситуација. Летото доаѓа и треба да бидеме спремни, особено ако сакаме да пливаме подолго и во подлабоко.

    Трите главни причини за грч при пливање се ниско ниво на електролити, интензивен напор и одредени медицински состојби. Но, за грчот можат да придонесат и дехидрирањето, недоволното истегнување, долгото седење, слабата циркулација, носењето чевли со високи потпетици, употребата на лекови или самиот физички напор.

    Имајте на ум дека стапалото може да се истегне и во вода, поради изложеноста на водниот притисок.

    Првиот начин да се справите со ситуацијата е да го искористите Архимедовиот закон. Легнете на површината на водата и дишете длабоко. Лицето треба да ви биде над површината на водата. Градите нека ви бидат полни со кислород. Чекајќи ја помошта истегнете го згрчениот мускул 10 до 15 секунди за да се опушти.

    Внимавајте, спазмот придружен со силна болка трае неколку минути и може да биде показател за недостаток на магнезиум, калиум и калциум во телото.

    Вториот начин да се справите со ситуaцијата е традиционален. Тој се повикува на праксата на пливачите во минатото на своите шорцеви за пливање да носат безопасна игла и во моментот на болка да се боцнат за да го активираат мускулот. Oва може да биде болно, но ефективно.

    Третиот начин за справување е со истегнување на целата нога. Ова значи дека треба со раката да ги повлечете прстите од ногата кон вас. Кога болката ќе попушти пробајте да ја исправите ногата за да ја истегнете притоа држејќи го стапалото.

    Можете и да го повлечете стапалото што ве стега кон вас, а истовремено да го свиткате коленото и да го подигнете од земја. Ова важи за грчеви во самиот лист на ногата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img