Пејачот на познатиот бенд „Фу фајтерс“ Дејв Грол (54) призна дека ја изневерил сопругата Џордин Блум и дека тајно добил дете.
– Неодамна станав татко на девојче родено надвор од мојот брак. Планирам да му бидам родител полн со љубов и поддршка – призна Дејв на Инстаграм.
– Ги сакам својата сопруга и своите деца и правам сè што можам за да ја вратам нивната доверба и да ја заработам нивната прошка. Благодарни сме за вашето разбирање кон сите деца кои се вклучени, бидејќи заедно одиме напред – заклучил музичарот.
Дејв и Џорди се во брак од 2003 година и имаат три деца.