Извлечен е дел од остатоците од дронот што се урна во Загреб

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Според досегашните информации, станува збор за воен дрон со среден дострел ТУ-141 Стрзих, кој се произведувал во поранешниот Советски Сојуз. Голем дел од леталото било извлечено со куки.Министерството за одбрана се уште не го потврди повлекувањето на леталото. На местото на настанот е и министерот за одбрана Марио Баножиќ.

Да потсетиме, во петокот вечерта се урна авион во близина на студентскиот дом Стјепан Радиќ во Загреб, за кој подоцна беше утврдено дека датира од советско време.

Несреќата предизвика загриженост кај граѓаните и покрена голем број прашања за безбедноста на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО.

И Русите и Украинците тврдат дека не испратиле авион во кој според последните информации може да има експлозив.

Share This Article