Израелските власти наредиле евакуација на населението од две третини од територијата на Појасот Газа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обединети нации соопштија дека израелските власти наредиле евакуација на населението од две третини од територијата на Појасот Газа или од 246 квадратни километри, каде пред војната, живееја 1,78 милиони Палестинци, 77% од населението во енклавата.

По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, израелската армија им препорача на Палестинците во северниот дел на Газа да ги напуштат своите домови и да се засолнат пред очекуваната копнена офанзива.

Во исто време продолжија воздушните напади врз јужниот дел на Газа, каде исто така жителите беа предупредени да ги напуштат домовите.

Израел тврди дека напаѓа само цели на Хамас, кој е одговорен за штетата предизвикана врз цивилите, бидејќи дејствува од цивилни локации.

За време на војната, наредбите за евакуација беа проширени и на други области во јужниот дел на Појасот Газа, вклучувајќи го градот Кан Јунис и околните области, кои сега се во фокусот на израелската копнена офанзива.

Десетици илјади луѓе избегаа и продолжуваат да бегаат, објави денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА).

Повеќе од половина од 2,3 милиони жители на таа мала енклава сега се во градот Рафах на границата со Египет и неговата околина.

Од почетокот на војната речиси 27.500 луѓе загинаа во Појасот Газа, од кои две третини се жени и деца.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article