Израелскиот Парламент (Кнесетот) доцна синоќа го усвои амандманот за криминализирање на следењето про-Хамас содржини, јави агенцијата Анадолија.
Пратениците гласаа за измена и дополнување на законот за борба против тероризмот во земјата, со цел „следењето на терористички содржини“ да се смета за кривично дело.
Со овој закон им се забранува на граѓаните „систематско и континуирано користење објави на терористичка организација под околности што укажуваат на идентификување со терористичката организација“. Амандманот ги означува палестинското движење Хамас и групата ДЕАШ (ИСИС) како терористички организации на кои се однесува кривичното дело.
За кривичното дело е предвидена максимална казна затвор од една година.
Законот е донесен како двегодишна привремена мерка, но Кнесетот може да го продолжи на крајот на тој период.