More

    Израел го ракетираше Рафах, убиени жени и деца

    spot_img

    Еден ден откако Хамас изврши ракетни напади врз Тел Авив за прв пат по неколку месеци, израелските сили возвратија со силен воздушен напад на Рафах во кој загинаа најмалку 35 лица, пишува Скај њуз.

    Според палестинските медицински лица, во нападот на градот на југот на Газа биле погодени шатори за раселените лица. Снимките од местото на настанот покажуваат големо уништување.

     

     

    Израелската војска соопшти дека нејзините авиони извршиле напад врз „комплекс на Хамас каде што дејствувале терористите“ во Рафах.

    Министерството за здравство на Газа, кое е раководено од Хамас, соопшти дека најмалку 35 лица, главно жени и деца, се убиени. Во соопштението, Хамас го осуди нападот врз областа во која престојуваат стотици илјади раселени луѓе.

    Нападот се случи во населбата Тел Ал Султан во западниот дел на Рафах, каде што илјадници луѓе најдоа засолниште откако многумина избегаа од источните делови на градот каде израелските сили започнаа копнена офанзива пред повеќе од две недели. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечина изјави дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми додека продолжуваат напорите за потрага и спасување на жртвите во нападот.

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека „нападот бил извршен врз легитимни цели според меѓународното право, со употреба на прецизна муниција и врз основа на точни разузнавачки информации кои укажуваат дека Хамас ја користи областа“.

    Но извештаите од ракетираните области во Рафах укажуваат дека неколку цивили во областа биле повредени како резултат на ударот и пожарот што бил подметнат.

    Меѓународниот суд на правдата во петокот му нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рафах, за која Израел инсистира дека е суштинска за неговата самоодбрана и неговата цел целосно да го уништи Хамас.

    Нападот на Рафах доаѓа откако Хамас претходно во неделата изврши ракетни напади од Газа кон Тел Авив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img