More

    Во страшното невреме загинаа најмалу 18 лица, загрозени се над 100 милиони луѓе

    spot_img

    Најмалку 18 лица загинаа, меѓу кои 4 деца, за време на невремето предизвикано од торнадото во четири сојузни држави во централниот дел на САД, а милиони луѓе сè уште се под закана од силно невреме.

    -Во Тексас загинаа најмалку 7 лица, меѓу кои две деца на возраст од 2 и 5 години, кога силно торнадо ги зафати заедниците во северниот дел на државата во близина на границата со Оклахома во саботата вечерта – изјави шерифот на округот Кук Сапингтон.

    Многу луѓе се здобиле со различни повреди. Размерите на катастрофата станаа јасни синоќа додека официјалните лица ги приведуваа кон крај операциите за пребарување и за спасување.

    Си-Ен-Ен објави дека околу 109 милиони луѓе низ пошироката област, во неделата се соочиле со силен град, разорни ветрови и торнадо пијавици во долините на реките Мисисипи, Охајо и Тенеси.

    Американската телевизија наведува дека претседателот Џо Бајден е информиран за развојот на ситуацијата.

    Ново предупредување за торнадо е издаден за делови од Арканзас, Илиноис, Кентаки, Мисури и Тенеси, во област во која живеат 4,7 милиони луѓе.

    Си-Ен-Ен објаснува дека ова е специјално предупредување издадено само кога постои невообичаено голема можност за повеќекратни удари на торнада со голема јачина.

    Се вели дека предупредувањето исто така значи дека областа би можела да биде погодена од суперклеточни бури со град со големина на бејзбол топче и ветрови со брзина од 120 километри на час.

     

    Откако направија хаос во централните држави, бурите се префрлија во источните делови и се очекуваше да се спојат во поголем комплекс на олуи со грмотевици, што се заканува да донесе поопасно време во делови од Охајо, Кентаки, Мисури и Тенеси. Националната метеоролошка служба предупреди на разорни ветрови, голем град и повеќе торнада во погодените области.

    Во меѓувреме, САД се подготвуваат за она што владините прогнозери го нарекуваат потенцијално „вонредна“ сезона на урагани во Атлантикот која започнува на 1 јуни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img