На ден 3 декември се одржа 5тата Изборна конференција на ОО НСДП Тетово, каде што се доделија благодарници на првиот претседател, секретар, претседателка на организацијата на жени, претседател на млади и прерано починатиот претседател Горан Чавдаровски.
Се избра нов Извршен и Надзорен одбор и нов претседател на НСДП-Тетово Миќо Стојчевски.
На изборната конференција беше присутен претседателот на НСДП Горан Мисовски кој се обрати пред присутните, потпретседателот Зоран Маневски и други членови на Извршниот и Централниот одбор на НСДП.
Честитки на изборот на делегатите и продолжуваме СИЛНО И ЧЕСНО