More

    Шоуто на Мбапе и рекордот на Жиру за четврт-финалето на Франција

    spot_img

    Репрезентацијата на Франција е третиот четвртфиналист на Светското првенство во Катар. Избраниците на Дидие Дешамп ја елиминираа Полска со 3:1…

    Со головите на Оливие Жиру во првото полувреме и на Килијан Мбапе двапати во вториот дел, Франција ја совлада Полска со 3:1 и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

    Полјаците добро се изборија во првото полувреме, па можеби и заслужија гол. Најблиску до него дојдоа во 38. минута кога Љорис го одбрани ударот на Зиелински, а потоа Варан од гол-линијата го блокираше обидот на Камински.

    Во 44. минута Франција поведе. Мбапе му создаде шанса на Жиру, кој го постигна својот 52. гол во дресот на Франција и со тоа стана најдобриот стрелец на својата репрезентација во историјата. Претходно во 29. минута на асистенција на Дембеле промаши удар од три метри.

    Потврда за француската победа дојде во 75. минута кога таа постигна контранапад. Топката дојде до Мбапе, кој од 15 метри шутираше високо и неодбранливо за голманот Шчесни. Во првата минута од судиското надополнување, Мбапе повторно блесна, погодувајќи речиси од истата позиција, овој пат во спротивните вилушки.

    На самиот крај, во деветтата минута од судиското надополнување, Роберт Левандовски ја затресе мрежата од пенал за конечни 3:1 откако Упамекано играше со рака во својот шеснаесетник.

    Франција во сабота на 10 декември ќе игра во четвртфиналето против подобриот од Англија и Сенегал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img