Резултатите од истражувањето во најмала рака се загрижувачки.
Веројатно сте биле во странска земја, сте изнајмиле автомобил и сте отишле да истражувате. Па, замислуваме дека тоа ви предизвика одреден стрес, бидејќи возењето во секоја земја е различно, има некои различни правила, и најлошо од сè, се разбира – сосема нова култура на возење.
Но, дали некогаш сте се запрашале, а веројатно сте се запрашале, која земја има најлоши возачи? Анкетата нарачана од најголемиот француски концесионер за автопати, Vinci Autoroutes, даде одговор на тоа прашање.
Во текот на истражувањето биле испрашани 12.400 Европејци од 11 земји, кои одговориле како го доживуваат нивното возење, возењето на нивните сонародници и возењето на другите жители на стариот континент.
Резултатите од истражувањето во најмала рака се загрижувачки. Од сите испитаници, дури 79 отсто имале негативен однос кон колегите возачи. Во Велика Британија четвртина од испитаниците изјавиле дека зад воланот се сосема различни луѓе, но ставот на Грците за возачите од други земји е сосема неверојатен.
Дури 91 процент од нив искажале негативен став, но се и критични кон своите сонародници, па Грција забележала најлоши резултати во истражувањето.
Пцуење, ѕвонење, зборување на мобилен додека возите, па дури и излегување од автомобил во желба да се пресметаат – сето тоа се работи кои според Грците, нивните сонародници ги прават секојдневно.
Затоа, внимавајте ако планирате летово да возите по грчките патишта.
Сепак, не е сè така црно – Шпанците и Британците се најмалку критични кон туѓото возење во нивните земји, додека Германците се љубезни кон своите сонародници и веруваат дека многу малку од нив се агресивни или неодговорни, пренесува punkufer.hr.