More

    Секогаш подготвен да позира – Кучето Меси беше најголемата ѕвезда на фестивалот во Кан

    spot_img

    Седумгодишното бордер коли се прошета по црвениот тепих, а фотографите го повикаа извикувајќи го неговото име.

    Меси, кучето од филмот „Анатомија на падот“, беше ѕвезда на вечерта на отворањето на Канскиот филмски фестивал, спремно позирајќи им на фотографите на црвениот тепих.

    Седумгодишното куче Меси, бордер коли, прошета по црвениот тепих, а фотографите го повикаа извикувајќи го неговото име.

    Застана на големото скалило, а потоа ги крена предните шепи во воздух, како филмска ѕвезда што мавта со толпата.

    Меси го имаше целото внимание на Кан околу 20 минути додека одеше по тепихот.

    Мистеријата за убиството во режија на Жистин Трије беше премиерно прикажана во Кан минатата година, каде што ја доби главната награда на фестивалот, Златната палма.

    Меси претходно се појави на Оскарите и имаше вирален момент кој ги запали социјалните мрежи. Имено, беше прикажано видео каде кучето му аплаудира на Роберт Дауни Џуниор. која ја доби наградата за најдобра споредна машка улога.

    Сепак, видеото е претходно снимено со помош на лажни шепи.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img