Семјуел Ел Џексон е најпрофитабилниот актер во Холивуд, според новото истражување.
Како што објави NME, истражувањето спроведено од TicketSource, ги акумулирало приходите од филмовите на кино благајните во САД, во кои играле најголемите холивудски имиња во последните 25 години, за да се издвојат најпрофитабилните.
Со вкупно 5,7 милијарди долари во 63 филмови, Џексон е прогласен за најпрофитабилен актер во Холивуд.
Следен е Роберт Дауни Џуниор со 5,4 милијарди во 43 филма, а на третото место е Скарлет Јохансон со 5,2 милијарди во 32 филма.
Во првите десет на оваа листа се најдоа и Том Хенкс, Бредли Купер, Харисон Форд, Крис Еванс, Том Круз, Крис Хемсворт и Зои Салдана.
Кога станува збор за највисоката просечна филмска заработка, Леонардо ди Каприо е на врвот на листата со 97,5 милиони долари за секој филм во кој глумел. На второ место се најде Анџела Басет со 97,1 милиони долари, а на второ место е Џим Кери со 96,4 милиони долари.