More

    Исчезнаа податоците за високи службеници од Европол

    spot_img

    Полициската агенција на ЕУ (Европол) е погодена од голема криза откако исчезнаа чувствителните досиеја на највисоките полициски функционери.

    Според интерната белешка, до која имал пристап порталот Политико, тие податоци, кои се чуваат под клуч во седиштето на Европол во Хаг, исчезнале лани во септември, а меѓу исчезнатите досиеја се и печатените досиеја на извршната директорка на Европол Кетрин де Бол, нејзините тројца заменици и на други високи функционери.

    Чувствителните отпечатени персонални датотеки на Европол се чуваат заклучени во сеф, во просторија со ограничен пристап за персоналот, а многу малку луѓе ја знаат лозинката на сефот.

    „На 6 септември 2023 година, раководството на Европол беше информирано дека исчезнале личните досиеја на неколку членови на персоналот на Европол“, се наведува во белешката.

    Се додава дека оттогаш се обидуваат да утврдат како се случило тоа.

    „Со оглед на улогата на Европол како агенција за спроведување на законот, исчезнувањето на личните досиеја на членовите на персоналот претставува сериозен инцидент на нарушување на безбедноста и на личните податоци“, се наведува во белешката.

    Политико потсетува дека Европол е една од најголемите агенции на Европската унија која ги координира големите меѓународни истраги и операции со националните полициски власти и партнери како Интерпол и како американското ФБИ.

    Бриселскиот портал објави и дека дел од исчезнатите досиеја повторно се појавиле кога граѓанин ги нашол оставени на јавно место во Хаг и ги однел во локалната полициска станица.

    Портпаролот на хашката полиција Стивен ван Сантен изјави дека полицијата е вмешана во некои детали поврзани со тековната внатрешна истрага на Европол.

    Досиејата што недостасуваат може да содржат информации за апликација за работа на службеникот, соодветна обука, датуми на раѓање, брачен статус, издржувани лица, за моментална адреса и други редовни информации.

    Неименуван извор изјавил дека по инцидентот на административно отсуство е ставен шефот на човечки ресурси во Европол, Масимилијано Бетин, кој не сакал да го коментира случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img