More

    Иран: Во вториот круг од претседателските избори тврдокорниот Џалили и умерениот Пезешкијан

    spot_img

    Во петок во Иран ќе се одржи вториот круг од претседателските избори на кој ќе се соочат тврдокорниот Саид Џалили и реформистот Масуд Пезешкијан.

    Вториот круг се одржува откако во првиот ниту еден од кандидатите не обезбеди повеќе од 50 отсто од гласовите.

    Пезешкијан освоил околу 42,5 отсто од гласовите, а Џалили 38,7 отсто.

    Последниот збор на ајатолахот
    Околу 61 милион луѓе имаат право да гласаат за наследник на претседателот Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во мај.

    Меѓутоа, моќта во Иран на крајот е во рацете на врховниот лидер, ајатолахот Хамнеи, кој делува како шеф на државата и го има последниот збор за сите стратешки прашања, а исто така е и врховен командант на вооружените сили на Иран, додека претседател е само број два во владината структура на Иран.

    Затоа, каков и да биде исходот од вториот круг од изборите, тоа нема да значи некаква значајна промена во политиката на иранската нуклеарна програма или поддршка за различни милиции и терористички групи низ Блискиот Исток, наведува Ројтерс.

    Излезноста на изборите е околу 40 отсто, покажуваат податоците на МВР, што е најнизок процент од револуцијата во 1979 година.

    Изборите се одржаа во време на тешка економска криза и напнатост со Западот, а многу Иранци, особено младите, изгубија доверба во можноста за големи политички промени.

    Смртта на младата Курдка, Махса Амини, во есента 2022 година предизвика протести низ целата земја кои беа брутално задушени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img