Иран во рок од неколку дена ќе ја добие првата серија од руските борбени авиони Су-35 од последната генерација, купени во ноември минатата година, објави иранскиот весник „Етемад“, цитиран од ДПА.
Агенцијата појаснува дека изданието не открива повеќе детали, но според неофицијални информации, набавката вклучува вкупно 24 борбени авиони.
ДПА потсетува дека минатата година иранското Министерство за одбрана објави набавка на борбени хеликоптери Ми-28Н и авиони за обука на пилоти Јак-130, како дополнување на договорот за купување борбени авиони Су-35.
Се претпоставува дека Иран за возврат и дава воена помош на Русија, посочува ДПА, потсетувајќи дека Западот го обвинува Техеран дека и испорачувал на Москва беспилотни летала камикази „Шахед“.