Портпаролот на ирачката војска изјави дека американски воздушни напади биле извршени врз ирачките погранични области, предупредувајќи дека нападите би можеле да предизвикаат нестабилност во регионот.
– Овие воздушни напади претставуваат кршење на ирачкиот суверенитет, ги поткопуваат напорите на ирачката влада и претставуваат закана што може да ги доведе Ирак и регионот до страшни последици – изјави портпаролот на ирачката војска Јахја Расул.
Белата куќа објави дека САД ги информирале властите во Ирак дека ќе бидат извршени напади.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави:
„Нашиот одговор започна денеска. Ќе продолжи во моменти и места по наш избор. САД не бараат конфликт на Блискиот Исток или на кое било друго место во светот“.