РТЛ Хрватска во текот на минатата ноќ дефинитивно ѝ е продадена на компанијата Central European Media Enterprises (ЦME) за 50 милиони долари.
Информацијата е потврдена и од берзата. Како дел од трансакцијата ЦМЕ обезбедила долгорочни права на задржување и користење на РТЛ брендот во Хрватска.
Се очекува трансакцијата од 50 милиони евра да биде завршена во вториот квартал оваа година.
ЦМЕ, која ја купи РТЛ Хрватска, ја поседува и работи водечката централно европска платформа ВОЈО (видео услуги на барање), како и петте водечки телевизии во Бугарија, Чешка, Романија, Словачка и Словенија.
Во нејзина сопственост беше и телевизијата Нова.
РТЛ групата имаше мнозинска сопственост над РТЛ Хрватска откако го формираше во 2004 година, а од средината на 2015 беше во целосна сопственост на таа компанија.
Семејството телевизиски канали на РТЛ групата се број еден или број два во осум европски земји.