More

    Инцидент во словачкиот ракометен шампионат

    spot_img

    Тренерот на словачкиот ракометен шампион Татран Прешов, Павол Јано им покажа гол задник на противничките навивачи и предизвика инцидент во прославата на шампионската титула.

    Ракометарите на Татран Прешов ја заокружија сезоната со освојување на 18 шампионска титула и враќање на ракометниот трон во Словачка од кој лани беа неочекувано симнати. Во финалната серија од годинашниот плеј-оф, Татран ја победи Поважска Бистрица со 3-2 и се реваншира за ланскиот пораз.

    Драматичната финална серија кулминираше со решавачкиот петти меч во Прешов и победа на домашната екипа.

    – Во решавачкиот меч на моменти не се снајдовме најдобро, но се извлековме и ги внесевме во игра емоциите кои играат важна улога во спортот – изјави тренерот на Татран Прешов, Павол Јано.

    Јано исто така ги покажа емоциите по последната средба сезонава. Откако се ракуваше со тренерот на Поважска Бистрица, Вацлав Штрак, дојде до вербална расправија, која на крајот за малку не прерасна во посериозен конфликт. Тренерот на Прешов Јано дури им го покажа голиот задник на навивачите на противникот, пренесува словачкиот портал Спортнет.

    Контроверзниот Павол Јано на крајот на сезоната заминува од клупата на Татран Прешов на која ќе го наследи црногорскиот тренер Ратко Ѓурковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img