Со Владата предводена од антимакедонската СДС економијата тоне. Последните податоци за стапката на инфлација во Македонија се поразувачки. Македонија има инфлација која е највисока во регионот и меѓу највисоките во Европа. Македонија според податоците за месец јули има инфлација од 16% што е повисоко од стапките на инфлација на Србија (12,8%), Бугарија (14,9%), Црна Гора (14,9%), Грција (11,3%), Хрватска (12,7%), Албанија (7,5%), реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Ова покажува дека во кај нас граѓаните осиромашуваат многу повеќе од било која друга земја поради криминалната и неодговорна власт предводена од Ковачевски.
Дека состојбата е очајна говори и фактот што Македонија и во друг сегмент има еден од најлошите економски резултати, а тоа е растот на БДП во второто тромесечие од 2022 година. Македонија има раст од само 2,8% што е два до три пати полошо од сите балкански економии.
Стандардот на народот пропаѓа, цените на основните животни продукти расте за 50 до 100%, стопанството замира, а само криминалот и коруптивните зделки на власта растат. Ова мора да престане. Оваа власт мора да си замине.