More

    Ибрахимовиќ ќе се пензионира?

    spot_img

    Поранешниот шведски фудбалски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ им се заблагодари на навивачите на националниот тим за поддршката.

    Пред натпреварот со Србија (0:3) одигран вчеравечер се одржа церемонија во чест на екс напаѓачот.

    – Да се носи дресот на репрезентацијата е најголемата работа што може да се случи на еден фудбалер. Го носев шведскиот дрес со гордост и љубов. Ја имав честа и да бидам капитен на тимот. Од првиот ден ми дававте поддршка, сила за многу прекрасни спомени кои никогаш нема да ги заборавам. Ми овозможивте да го соборам рекордот по постигнати голови. Од сè срце ви благодарам – изјави поранешниот напаѓач.

    Ибрахимовиќ минатото лето најави дека се пензионира. Неговиот последен клуб беше Милан. Со 62 гола тој е најдобар стрелец во историјата на шведската репрезентација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img