Холивудскиот актер Кијану Ривс бил забележан како седи на улицата пред Сент Рок на плажата Хермоза, пред концертот на неговиот бенд „Догстар“.
Педесет и осумгодишниот актер е снимен како седи на улица потпрен на ѕид, а поради неговата долга коса и брада и неуредниот изглед, многумина искоментираа дека потсетува на скитник.
Меѓутоа, актерот со еден потег го оправда својот статус на најљубезниот холивудски актер кога прифати да направи селфи со еден обожавател.
Иако на сметката има стотици милиони долари, Кијану е исклучок во светот на славните, бидејќи воопшто не се однесува како ѕвезда. Освен што носи обична облека, за разлика од колегите, актерот не живее во вила и нема телохранители.
Познато е дека сака да се вози во метро и да им помага на бездомниците, со кои често пие и пиво. Познат е како скромен човек, а обожавателите ги воодушевува со своите внимателни гестови, на пример, Кијану никогаш не ги допира обожавателките кога се фотографира со нив.
ФОТО: Инстаграм