More

    Холивудската ѕвезда проговори за мистериозната болест

    spot_img

    Холивудскиот актер Џејми Фокс искрено проговорил за својата мистериозна здравствена состојба поради која беше три недели во кома.

    Оскаровецот ја споделил приказната за својата болест со група луѓе на улиците на Аризона во видео споделено на социјалните мрежи во понеделникот.

    Фокс беше хоспитализиран во периодот додека го снимаше филмот „Враќање во акција“ (Back in Action) со Камерон Дијаз во Атланта.

    Актерот подоцна откри дека не можел да оди и дека „видел тунел, но не и светлина“ додека се борел да преживее.

    Тој бил снимен како им се отвора на обожавателите за неговата мистериозна болест. Открил дека сè започнало со „силна главоболка“ поради која „побарал Адвил“, по што се разбудил по речиси три недели без да се сеќава што се случило, пишува „Дејли мејл“.

    „Ме снема 20 дена, не се сеќавав на ништо“, рекол актерот.

    Фокс истакнал дека сестра му и ќерката го однеле на лекар, кој рекол: „Нешто се случува таму“, покажувајќи кон неговата глава.

    Џејми Фокс порача дека не би му го посакал тоа што го преживеал ниту на својот најголем непријател и поради тоа исклучително го почитува животот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img