More

    Хоџа го нарече Таравари вазал, бидејќи ја разрешил Бесија само на македонски јазик

    spot_img

    Горд сум што кадар како Бесија Иљази докажа дека може храбро да се соочи со антиалбанскиот менталитет во институциите. Нејзиниот случај е потврда за вистинското лице на вазалноста на коалицијата Вреди кон владеење на ВМРО“, реагира лидерот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа откако министерот за здравство Арбен Таравари ја разреши Иљази од функцијата економски дикректор на Клиниката за токсикологија.

    Хоџа вели дека решението за разрешување е напишано само на македонски јазик „затоа што вазалите требало итно да ја спроведат наредбата од ВМРО-ДПМНЕ“.

    – Од сите директори кои ги отпушти министерот за здравство Арбен Таравари, во медиумите на македонски јазик најголема врева имаше за разрешувањето на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за токсикологија. Знаете ли зошто? Затоа што таа ги продолжи договорите за вработување на 18 вработени кои се Албанци иако оние кои од денес ќе ја водат оваа институција се бореа на Албанците да не им бидат обновени договорите. Исто така, Бесија беше нападната и затоа што не го зборува македонскиот јазик на високо ниво. Фактот што институцијата била водена на перфектен албански јазик се чини дека ги распара ушите на оние кои денес се именувани со потпис на министерот вазал – вели Хоџа.

    Инаку, подолг период владееше незадоволство во таа клиника поради тоа што Иљази, како што наведуваа лекарите и другите вработени, не доаѓа редовно на работа, не сака да го говори македонскиот јазик, или не го знае, а кога мора да разговара со вработени користи секретарка како преведувачка. Исто така имаше тврдења и за неспроведување на одлуки, меѓу кои и враќање на работа на болничарот што пред камера призна дека барал урината која содржела наркотици да биде заменета со чиста, не ја осигура клиниката поради, според тврдењата, фаворизирање на нејзин брокер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img