More

    Хилари Клинтон збесна

    spot_img

    Контроверзниот американски новинар Такер Карлсон најави дека ќе го постигне она што другите западни новинари не успеаја да го направат во последните две години – да објават интервју со рускиот претседател Владимир Путин. Како што најави Карлсон, интервјуто со Путин кое уште пред да биде објавено го крена светот на нозе, ќе биде емитувано вечерва на неговиот на неговиот он-лајн канал.
    Карлсон неодамна беше во Москва каде привлече големо внимание, а се шпекулираше дека бил таму за да го интервјуира Путин, што тој сега го потврди.
    Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го потврди интервјуто на Карлсон со Путин.

    – Да, можам да го потврдам тоа – рече Песков.
    Карлсон најави дека ќе емитува „немонтирано“ интервју со Путин, нагласувајќи дека сака да им дозволи на гледачите да „извлечат свои заклучоци“ и дека нема да го следи пристрасниот пристап, кој според него, го применуваат корумпираните мејнстрим медиуми.

     

    Тој истакна дека неговиот тим самостојно го платил патувањето во Русија за интервјуто со Путин и дека не зеле пари од ниту една влада или група. Карлсон ги критикуваше западните медиуми дека избегнуваат интервјуа со Путин и претпочитаат интервјуа со украинскиот претседател Зеленски, кои, според Карлсон, даваат едностран поглед на војната во Украина, пренесува Си-Ен-Ен.

    Сепак, Карлсон не објасни дека Путин од почетокот на војната не дал речиси ниедно интервју на западни новинари, избегнувајќи медиумски настапи каде што би можело да му биде поставено „тешкото прашање“ за Украина. Песков потврди дека Карлсон е единствениот западен новинар со кој Путин во моментов е подготвен да разговара.

    Американските демократски медиуми водат вистинка хајка против Карсон по интервјуто со Путин. Медиумите во САД тврдат дека Такер во Москва спиел во луксузниот хотел Риц каде ноќевање чини 1.000 долари.

    Покрај тоа се тврди дека не смеел да прави вакво интервју бидејќи Путин ќе го искористел за пропагандни цели.

    Неколку западни новинари го критикуваа пристапот на Карлсон, нагласувајќи дека и тие се обидувале да го интервјуираат Путин и дека ќе продолжат со тие напори.

    „ Дали Такер навистина мисли дека ние новинарите не се обидуваме да го интервјуираме претседателот Путин секој ден од неговата инвазија на Украина? Тоа е апсурдно – ќе продолжиме да бараме интервју, исто како што правевме со години“ – напиша дописничката на Си-ен-ен, Кристијане Аманпур.

    Карлсон во објавите и најавите на спектакуларното интервју со рускиот претседател не го споменува ни својот колега Еван Гершкович, известувач на „Волстрит журнал“, кој се наоѓа во руски затвор под обвинение за шпионажа.

    Одлуката на Кремљ да дозволи интервју со независниот онлајн канал на Карлсон, мрежата Такер Карлсон, следеше по годините во кои Карлсон изразуваше скептицизам за односите на САД со Русија.

    Спектакуларното интервју на контроверзниот американски новинар со Путин, особено ја налути поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон која го навреди  Карлсон само затоа што го интервјуирал рускиот претседател.

     

    „Такер Карлсон сега е во Москва и го интервјуира Владимир Путин. Ова е првиот американски новинар кој го интервјуира Путин од почетокот на војната во Украина. Што ви кажува ова за Такер Карлсон и десничарските медиуми и Владимир Путин?“  – праша новинарката на MSNBC, Алекс Вагнер, на кое Хилари Клинтон одговори со рафални навреди за Карлсон.

    – Ова ми го покажува она што мислам дека сите веќе го знаеме. Тоа е дека тој е корисен идиот. Тој е како кученце. Знаете, некако, откако беше отпуштен од толку многу медиуми во САД, не би бил изненадена ако склучи договор со некоја руска медиумска куќа, бидејќи тој е корисен идиот. Но, ова е и знак дека сега во оваа земја има луѓе кои се петтата колона на Владимир Путин. Зошто? Не знам. Зошто некои републиканци навлегуваат во тоа? Зошто некои Американци му веруваат на Путин? Зошто Трамп му верува на Путин повеќе од нашите 11 разузнавачки агенции? – рече  Хилари Клинтон.

    Кој е Такер Карлсон?
    Такер Карлсон стана еден од најконтроверзните медиумски личности во Америка. Познат по својата работа на ТВ каналот Фокс њуз, тој беше клучна фигура во републиканската политика, но беше и критикуван за ширење дезинформации. Отако беше отпуштен од Фокс њуз поради случај за клевета, Карлсон стана заштитно лице на неговиот сопствен медиумски бренд, мрежата Такер Карлсон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img