More

    Најавена е можна национализација на имотот на „Роснефт“

    spot_img

    Германската влада се подготвува за можна национализација на имотот на руската нафтена компанија „Роснефт“ во кој е вклучен и уделот во рафинеријата „Швед“, соопштија денеска два извори од владата во Берлин.

    Деловниот весник „Ханделсблат“ наведува дека германското Министерство за економија веќе ги прави потребните подготовки, а претставници на руската групација пред два дена учествувале во дискусиите на оваа тема.

    Како што додава медиумот, уште не е донесена одлука дали се ќе биде завршено со споменатата формална процедура за национализација, која власта секако сака да ја спроведе.

    Национализацијата на  имотот на руската нафтена компанија во Германија беше најавена во 2022 година, но потоа германската влада одлучи да го стави под надзор имотот на „Роснефт“ , вклучително и нејзиниот удел од 54,17% во берлинската рафинерија „Швед“, во септември 2022 година, по рускиот напад врз Украина.

    Оттогаш два пати се продолжува одлуката за следење на компанијата. Последната одлука истекува во март, кога владата треба да донесе нова одлука.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img