More

    Груевски ја коментира ситуацијата со соседна Бугарија

    spot_img

    „Од секогаш сум тврдел дека македонското прашање може да се затвори само тогаш кога ќе е во корист на Македонија и на македонскиот народ и само тоа ќе донесе траен мир и стабилност на Балканот, наспроти аспирациите на некои соседи. И сè додека тоа не се случи, не само што ќе стои отворено, туку ќе предизвикува многу меѓудржавни проблеми, инциденти меѓу сензибилизираното население и многу други непосакувани ситуации“, пишува поранешниот македонски премиер Никола Груевски во подолг коментар за сутацијата со Бугарија.

    Тој вели:

    „Не случајно, колку и да го посакувавме тоа за да немаме пречки на патот кон ЕУ, долго време владата која ја предводев не постигна договор со Република Бугарија за текстот на договорот за пријателство ниту пак прифати заеднички чествувања кои и тогаш ни ги бараа.

    Намерите и стапиците беа така очигледни што секој што барем малку разбира политика и историја можеше да ги види. Уште повеќе кога како и секоја сериозна влада ќе извршеше консултации со научните работници од сверата на историјата.

    Актуелната власт лекоумно и брзоплето влезе во авантура на потпишување на договорот со Бугарија за само два месеци по нивното доаѓање на власт. Последиците ги гледаме денес и допрва ќе ги гледаме. Тогаш важно беше да се покаже некаков наводен брз успех и да се каже дека ние сме биле виновни за сè, а не бил проблемот кај Бугарија и нивните несоодветни барања и условувања.

    Владата која ја предводев се спротивстави на вметнување на фразата „заедничка историја”. Беше јасно дека имајќи ја силата на членка на ЕУ, Бугарија тоа ќе го користи македонската историја да се прикаже за бугарска а македонските револуционери за бугарски и тоа ние да го прифатиме. Од тој договор произлегуваат денешните проблеми и новите барања и условувања на соседна Бугарија со промена на уставот, чествувањата итн, од кој пак произлегуваат непосакувани инциденти, негативна енергија и дополнителни влошувања на меѓудржавните односи.

    Кога прашањето за овој дoговор и неговиот текст кој веќе беше испратен на гласање во парламентот го дискутиравме на седница на извршниот комитет во партијата, се сеќавам дека таму кажав дека најголем (иако не и единствен) проблем во договорот е заедничката историска комисија, бидејќи нашите сили се асиметрични имајќи во предвид дека тие се, а ние не сме членка на ЕУ, а сакаме да бидеме, и дека таа комисија ќе се претвори во клучен инквизаторски инструмент за уцена со наводен научен параван кој нема да има никаква врска со историската наука туку ќе биде политички инструмент на нашиот источен сосед за остварување на своите вековни цели, македнската историја, јазик, идентитет и нација да добијат бугарски карактер.

    Професорот по историја д-р Никола Жежов дава многу јасен, концизен, конкретен и прецизен приказ на ова прашање, и ова кратко интервју од околу 25 минути вреди да се погледне.

    Патем, по информацијата добиена по неофицијални канали, тој е прв на листата од тројца македонски професори – историчари на неформалниот список добиен во македонската влада по смената на власта и потпишувањето на договорот во 2017 година од страна на Бугарија, со барање: „Ставете кого сакате во македонскиот дел од историската комисија, само не овие тројца историчари”.

    „Најинтересно е што СДСМ дури и во овој состав потпишувањето на тој договор со Бугарија, како и со подеднакво катастрофалниот договор кој всушност исто така беше класична капитулација со Република Грција ги смета за огромен и неверојатен нивен успех, а нас од тоа време сеуште не портретираат како некакви кочничари на добрососедските односи и кон членството во НАТО и ЕУ“.

    За крај два цитати од ова интервју на професорот Никола Жежов:

    „Гоце Делчев немал никакви допирни точки во поглед на бугарската историја. Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека и објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја. Меѓутоа, длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја. И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треб да има“, потенцира проф. Жежов.

    “… историската комисија и нејзината работа веќе е ирелевантна и непотребна. Всушност, генезата и изворот на сите овие проблеми, што денеска ги имаме, е тој фамозен Договор потпишан на 1 август 2017 година. Таа несреќена придавка за нас Македонците за „задничка историја“ е генератор на сите проблеми, што ги имаме сега. Македонските и бугарските историчари не можат да најдат никаква заедничка точка за задничко чествување на Гоце Делчев”, пишува Никола Груевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img