ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА СЛОВЕНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА МИЛАН ПРЕДАН

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес имаше средба со амбасадорот на Словенија во Македонија, Н.Е. Милан Предан. На средбата се разговараше за политичко-економската ситуација во Македонија, а посебно за актуелната состојба на Општина Охрид и работењето на локалната самоуправа.

Градоначалникот Пецаков го информира словенчкиот дипломат за тековните активности и проекти кои ги спроведува Општина Охрид и за очекувањата од престојната туристичка сезона. Амбасадорот Предан изрази подготвеност, Словенија преку CMSR – Центарот за меѓународна развојна соработка да донира средста во висина од 140 илјади евра на ЈП “Водовод“ за филтри за пречистителни станици.

Соговорниците се согласија дека Општина Охрид има одлична соработка со Амбасадата на Словенија и дека постои простор таа да се зајакнвуа и продлабочува.

 

Share This Article