More

    Гостилница во скопската населба Влае е времено затворена по добиената информација од Центарот за јавно здравје дека четири лица се примени на Клиникатата за инфективни болести со симптоми на труење со храна

    spot_img

    Гостилница во скопската населба Влае е времено затворена по добиената информација од Центарот за јавно здравје дека четири лица се примени на Клиникатата за инфективни болести со симптоми на труење со храна, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

    Во гостилницата, како што информира АХВ, е спроведен вонреден инспекциски надзор и земени се брисеви од работните површини и примероци од целата инкриминирана храна што ја консумирале лицата.

    Гостилницата ќе биде затворена до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско тестирање.

    „По добиена информација од епидемиолог од Центар за јавно здравје за прием на четири лица во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со симптоми на труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство енеска, согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, спроведоа вонреден инспекциски надзор во гостилница во скопската населба Влае. За лабораториско испитување земени се брисеви од работните површини и примероци од целата инкриминирана храна што ја консумирале лицата. На операторот со храна му се наредени превентивни мерки за чистење и вршење вонредни санитарни прегледи на вработените лица. Од страна на инспекциските служби, гостилницата е времено затворена до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско тестирање“, наведува АХВ.

    Агенцијата воедно апелира, во услови на високи температури и поголеми ризици од труење со храна, операторите да бидат одговорни и да се придржуваат до HACCP принципите за безбедност и правилата за добра производствена и хигиенска пракса. Потрошувачите, пак, според АХВ, треба да бидат одговорни, да водат сметка и храна да набавуваат од регистрирани оператори, односно да пазарат на начин и во време кога нема опасност да предизвикаат нејзина контаминација поради високите температури.

    Бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22 на Агенцијата за храна и ветеринарство останува отворена за пријавување сомнеж во однос на безбедноста на храната. Претставки до Одделението за заштита на потрошувачите граѓаните може да поднесат и лично и електронски на info@fva.gov.mk.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img