More

    Големи разлики на износите на просечните годишни нето-плати во Европа

    spot_img

    Големи разлики на износите на просечните годишни нето-плати во Европа покажува анализата на Euronews Business направена со податоци на Евростат.

    Земјите од Северна и Западна Европа имаат највисоки просечни нето- плати, додека земјите од Источна и Јужна Европа се на дното.

    Швајцарија е на врвот со просечна годишна нето-плата од 85.582 евра или просечна месечна нето- плата од 7.131 евро. Следат Исланд и Луксембург со просечни годишни нето плати од 53.885 евра, односно 49.035 евра. Годишни нето плати над 45.000 евра имаат и Норвешка и Холандија.

    Европскиот просек е 28.217 евра. Земјите како Франција (31.481 евра) и Шведска (33.926 евра) малку го надминуваат просекот на ЕУ, додека други, вклучувајќи ги Италија (24.207 евра) и Шпанија (23.568 евра), се под него.

    Источноевропските земји како Романија (11.105 евра) и Унгарија (12.456 евра) се исто така на дното на рангирањето.

    На дното се Турција и Бугарија со просечни годишни нето плати, од 8.968 евра и 9.355 евра.

    Кај нас просечната нето-плата за април за кога се и последните објавени статистички податоци  изнесува 41 085 денари (668евра) просечната годишна нето плата изнесува 8.016 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img