More

    Го зголемуваат нивото на серотонин: Јадењето на овие намирници ќе не направи среќни

    spot_img

    Различни фактори влијаат на расположението и поттикнуваат чувство на среќа, вклучувајќи ја и храната што ја јадеме. Да, многумина од нас се чувствуваат среќни после јадење, но има специфични намирници кои имаат ефект на покачување на хормонот на среќата и автоматски прават да се чувствуваме подобро. Тоа се намирници кои и онака често се консумираат, па нема да ви биде проблем да ги јадете ниту повеќе од порано.

    Темно чоколадо

    Фактот дека чоколадото нè прави среќни можеби никому не е изненадување, но темното чоколадо особено го поттикнува расположението. Уживањето во овој деликатес може да го стимулира ослободувањето на ендорфин, природни подобрувачи на расположението во телото. Покрај тоа, темното чоколадо содржи соединенија кои го зголемуваат нивото на серотонин, придонесувајќи за чувство на среќа.

    Масна риба

    Масните риби како лососот и пастрмката се богати со омега-3 масни киселини, кои го зголемуваат нивото на серотонин и допамин. Зголемувањето на нивото на овие хормони помага да се промовира генерално подобро расположение. Здравите масти во овие вкусни риби се важни за оптимално функционирање на мозокот.

    Банани

    Бананите се полни со добри и хранливи материи, како што се триптофан и амино киселини, кои имаат ефект на подигање на нивото на серотонин. Благодарение на овие придобивки, бананите можат да го подобрат расположението, па дури и да ги намалат симптомите на депресија, пренесува Health Shot.

    Овошје од бобинки

    Бобинките се богати со антиоксиданси кои се борат против оксидативниот стрес и воспалението, што на крајот може да придонесе за промена на расположението на подобро. Освен антиоксиданси, тие содржат и витамин Ц, кој го поддржува производството на допамин.

    Пробиотици

    Понекогаш не размислуваме како здравјето на цревата може да влијае на нашето расположение. Храната богата со пробиотици, како што се јогуртот и ферментираната храна, ја подобрува функцијата и здравјето на цревата, што може да влијае на расположението и среќата.

    Лиснат зелен зеленчук

    Спанаќот, кељот, блитвата и другиот лиснат зеленчук содржат фолати, витамин Б неопходен за синтезата на серотонин и допамин, кои директно влијаат на подобрување на расположението и чувството на среќа. Честото консумирање зелен лиснат зеленчук може да го намали и нивото на стрес, пренесува Health Shot.

    Јаткасти плодови и семиња

    Јаткастите плодови и семките, како што се бадемите, оревите и семките од сончоглед, се преполни со есенцијални хранливи материи. Тие се познати по тоа што содржат магнезиум, минерал кој го поддржува производството на допамин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img