More

    Генералниот секретар на ОН Гутереш : Руските војници во Донбас не можат да бидат мировници!!

    spot_img

    Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во вторникот изјави дека руските трупи во источна Украина не можат да бидат „мировници“ како што ги нарече рускиот претседател Владимир Путин. „Кога трупите на една земја влегуваат на територијата на друга земја без нејзина согласност, тие не се непристрасни мировни сили. Тоа воопшто не се мировници“, изјави Гутереш пред новинарите во седиштето на ОН.

    Генералниот секретар на ОН, исто така, рече дека Русија го нарушила територијалниот интегритет и суверенитет на Украина со признавањето на две самопрогласени држави – Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск.

    Путин набрзо нареди руските војници да бидат испратени на територијата под контрола на проруските сепаратисти за „да се одржи мирот“. Тој подоцна им рече на новинарите дека не рекол дека руските војници веднаш ќе бидат распоредени таму.

    Гутереш рече дека е „загрижен поради изопаченоста на мировниот концепт“.

    Минатата недела Путин рече дека Русија верува дека се врши „геноцид“ врз Русите во источна Украина.Генералниот секретар на ОН го отфрли ваквото тврдење на Путин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img