More

    Гаши отфрла каква било вина за тоа што говорел прво на албански

    spot_img

    Новоизбраниот претседател на Собранието, Африм Гаши, во денешното интервју за РСЕ категорично отфрла вина дека прекршил одреден пропис со тоа што свечената заклетва ја дал прво на албански јазик.

    Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска поднесе преставка до инспекциските служби во нејзиното министерство, сметајќи дека со тоа е прекршен законскиот акт за заштита на македонскиот јазик.

    – Тоа се работи само од технички аспект, јас ја прочитав заклетвата на двата јазици. Тоа е од технички причини. Сигурно не било намерно. И да било, тоа е работа на Собранието. Без разлика, јас мислам дека не треба да обрнуваме внимание на такви работи, но и демократско право е на секој пратеник и граѓанин да реагира ако мисли дека некое право е прекршено, рече Гаши.

    Тој додаде дека оставката како претседател на Алтернатива ја поднел со цел целосно да се посвети како спикер и дека прва работа на новото владеачко мнозинство ќе биде да најде двотретинско мнозинство за реорганизација на државната управа, односно за уставни измени со кои ќе се воведат нови министерства и ќе се променат надлежностите на некои од актуелните.

    На ДУИ и на нивниот лидер Али Ахмети им порача дека идната коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН не прекршила никаква одредба од Охридскиот рамковен договор и идната опозиција да не го користи тоа како аргумент за тензии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img