More

    Галуп го објави глобалниот извештај за емоции, Македонците се меѓу најгневните луѓе во Европа

    spot_img

    Македонските граѓани се на второ место меѓу европските нации, на овогодишниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“, којшто покажува колкав дел од населението на секоја земја чувствува лутина или бес на дневна основа.

    На листата, првото место го зазеде Турција, каде што 34 отсто од жителите секојдневно изразуваат одредена доза гнев. Македонците се втори, со 26 отсто од испитаниците кои изјавиле дека се чувствуваат лути во текот на денот. По нив следуваат Албанците и Црногорците (24 отсто), а потоа и Шпанците (23 отсто).

    Од нашето опкружување, Бугарија, Србија и Косово се некаде при дното на листата, бидејќи меѓу 11 и 13 отсто од граѓаните од овие три земји изјавиле дека чувствуваат гнев во текот на денот. За Грците, таа бројка изнесува 21 отсто.

    Земјите со најмал процент на гнев на дневна основа во Европа се Финска и Естонија (7 отсто), потоа – Португалија (8 отсто), па следат Холандија и Хрватска (9 отсто).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img