Фудбалската ѕвезда е заштитно лице на инвеститорот Некст.еГо, кој планира да гради фабрика во Тетово

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Фудбалската ѕвезда Неjмар во април годинава потпишал договор со кој станал глобално заштитно лице на германскиот производител на урбани електрични возила Некс е.ГО (Next.e.GO Mobile SE), компанијата за која македонската влада вчера најави дека ќе отвори своја фабрика во Тетово.

Славниот бразилски напааѓач, кој игра во Париз Сент Жермен, во улога на „глобален амбасадор на брендот е.ГО“ на 5 мај во Берлин, ја промовирал новата линија производи на е.Го, начена и-вејв, икс (e.wave Х). Произвoдителот притоа претстави и ограничена едиција од автомобилите e.wawe NJR наречена според иницијалите на Неjмар Џуниор, како што се претставува фудбалерот.

Во технолошката индустриска развојна зона (ТИРЗ) во Тетово, германскатa компанија НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, со седиште во Ахен, Германија ќе произведува електрична возила, откако Владата одобри државна помош. „Е-го“ ќе биде привот електричен и, воопшто, првиот автомобил целосно призведен во Македонија. Се очекува договорот за соработка со германската компанија да биде потпишан и претставен пред јавноста во текот на викендов.

Според владата, оваa мултимилионската инвестиција ќе донесе 3-4.000 нови работни места на подолг рок.

„Придобивките од оваа инвестиција се многукратни – од отворање нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, до договори и дополнителна работа за локални компании“, соопшти Владата.

Вицепремиерот Артан Груби на Фејсбук објави дека утре, сабота, ќе се постави камен-темелник за фабриката, инвестицијата е во износ од 130 милиони евраи со неа во првата фаза ќе се отворат 900 нови работни места.

- Advertisement -
Ad image

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека фабриката што ќе се гради во ТИРЗ Тетово е можност Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија.

Според вебсајтот на компанијата, таа е независен германски производител на иновативни електрични возила и производствени решенија.

Share This Article