More

    Француско-германски предлог за реформирање на Унијата

    spot_img

    Пред следното проширување ЕУ треба да премине на одлучување со квалификувано мнозинство во што е можно повеќе области и да спроведе бројни реформи на повеќе нивоа, како и да се посвети на целта да биде подготвена да прими нови членки до 2030 година, препорачуваат група француски и германски експерти.

    Станува збор за „работна група за институционални реформи на ЕУ“ составена од 12 експерти формирана од владите на Франција и Германија, која по неколкумесечна анализа изработи извештај насловен „Пловење по отворено море: Реформирање и проширување на ЕУ за 21. век“.

    Во извештајот на групата експерти се предлага за затворање на преговарачките поглавја во процесот на пристапување во ЕУ во иднина да се одлучува со квалификувано мнозинство со цел да се поедностави самиот процес на преговори, но за конечната ратификација на пристапниот договор сè уште да биде потребен консензус на сите земји членки.

    – Европската Унија се соочува со критичен момент обележан со геополитички промени, транснационални кризи и внатрешни сложени состојби. Од геополитички причини, проширувањето на ЕУ е високо на политичката агенда, но ЕУ се уште не е подготвена да ги пречека новите членки, ниту институционално, ниту политички, се наведува во документот.

    Германската министерка за Европа Ана Лирман вчера порача дека извештајот е во рамки на напорите за паралелно спроведување на процесите на проширување и реформа на ЕУ.

    – Јасно е дека проширувањето и реформите на ЕУ одат рака под рака. И ние треба да започнеме со тоа од сега – изјави Лирман.

    Таа нагласи дека претпочита ако е можно да се избегнат промени во Договорот за функционирање на Унијата, бидејќи процес би можел да трае со години и не е популарен меѓу „многу лидери на ЕУ“.

    Според неа, промени во некои области се можни и без измена на Договорот, како што е на пример носењето одлуки со квалификувано мнозинство.

    Во делот на проширувањето во извештајот се посочува дека тој процес веќе е реструктуиран со организација на преговарачкиот процес во шест кластери и можност земјите кандидатки постепено да бидат вклучувани во конкретни политики и програми на ЕУ.

    – За да си го поврати кредибилитетот, ЕУ треба да си постави цел да биде подготвена за проширување до 2030 година, а кандидатите за членство треба да работат на исполнување на критериумите за зачленување во ЕУ до овој најран датум за прием. Оваа взаемна посветеност би ја зголемила довербата во процесот на пристапување, кој е поткопан од недостигот на посветеност и напредок во изминатите неколку години. Тоа јасно покажува дека нема слободен влез во ЕУ и дека временската рамка е цел, а не одреден датум, се вели во Извештајот.

    Според експертите, новото политичко раководство на Унијата по европските избори во 2024 година треба целосно да се посвети на оваа цел и на реформскиот процес неопходен за нејзино остварување.

    Во документот се наведува дека од сега не јасно дали ќе има второ „Големо проширување“, при што повеќе земји кандидати биле примени во членство заедно – „ан блок“ или ќе се примени принципот на „регата“, со различни датуми за прием на секој од кандидати.

    Експертите посочуваат дека поради сложеноста на усогласувањето на визиите на различните земји членки за ЕУ, потребна е флексибилна реформа за подобрување на функционалноста на Унијата и предлагаат листа на почетни чекори што би требало да се преземат пред следните избори за членови на Европскиот парламент во јуни идната година.

    Посуштински реформи – вклучително и подготовки за ревизија на договорите – треба да се спроведат во текот на новиот законодавен мандат од 2024 до 2029 година, се потенцира во документот.

    Три примарни цели наведени во Извештајот се зголемување на капацитетот на ЕУ за дејствување, подготовка за идни проширувања и зајакнување на владеењето на правото и демократскиот легитимитет на Унијата. Од тие причини извештајот е структуриран во три главни делови, кои се однесуваат на владеењето на правото, институционалните реформи и процесот на реформирање, продлабочување и проширување на ЕУ.

    – Владеењето на правото е уставно начело за кое не може да се преговара при функционирањето на ЕУ и е предуслов за влез во Унијата, се посочува во документот.

    Експертите посочуваат дека ЕУ не може да функционира без реципроцитет, взаемна доверба и без сите членки да се придржуваат до нејзините принципи и затоа даваат неколку препораки за зајакнување на капацитетите на ЕУ за заштита и за владеењето на правото, преку условување на исплата на средства од буџетот со почитување на овие принципи и со измена на членот 7 од Договорот за ЕУ.

    Во делот на институционалните промени во ЕУ, документот се задржува на пет клучни области, иако експертите признаваат други има други теми што треба да се вклучат во дебатата за иднината на Унијата.

    Во извештајот се посочува дека сегашните институции на ЕУ не се агилни поради сложеноста на процедурите и големиот број актери вклучени во носењето одлуки. Од таму експертите предлагаат бројот на европратеници да не се зголемува над сегашните 751, како и да се подготви нов систем за распределба на бројот на пратенички мандати. Според нив, потребно е менување на системот на „тројка“ за ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ со „петорки“, како намалување на бројот на членови на Европската комисијата на две третини од бројката на земјите членки или воспоставување на хиерархиски модел.

    Извештајот ја нагласува и потребата од реформи во процесите на донесување одлуки во рамките на Советот на ЕУ.

    – Пред следното проширување, сите преостанати политички одлуки треба да се носат наместо со консензус со квалификувано мнозинство гласови. Дополнително, освен во сферата на надворешната, безбедносната и одбранбената политика, усвојувањето одлуки треба да биде придружено со целосно соодлучување со Европскиот парламент (преку вообичаена законодавна постапка) за да се обезбеди соодветна демократска легитимност, сметаат експертите.

    Според нив, доколку тоа не е можно, се сугерира користење на квалификувано мнозинство гласови преку три пакети групирани по области, со цел да се овозможи правична рамнотежа на отстапки меѓу одделните земји членки.

    За да се направи одлучувањето со квалификувано мнозинство гласови поприфатливо, според авторите на извештајот, можно е создавање на „мрежа за заштита на суверенитетот“ што ќе им овозможи на земјите членки „да ги изразат своите витални национални интереси во одлуките за донесени со квалификувано мнозинство гласови“, потоа ребалансирање на тежината на гласовите за да се одговори на грижите на помалите и средните земји членки, како и воведување на „механизам за откажување“.

    Во Извештајот се нагласува и значењето на демократскиот легитимитет во одлучувањето во ЕУ и се предлагаат четири групи мерки за негово зајакнување.

    Во Извештајот се посочува и на неколку клучни аспекти поврзани со овластувањата и надлежностите на ЕУ и се препорачува појаснување на ингеренциите на Унијата, нејзина поголема моќ при решавање за одредби за справување со непредвидени случувања, како и поголема вклученост на ЕП.

    За таа цел се предлага формирање на „Заеднички совет на највисоките судови и трибунали на ЕУ“, кој би имал задача да го зајакне дијалогот, но чии одлуки нема да бидат обврзувачки.

    Според експертите доколку не е можен консензус за промена на Договорот за функционирање на ЕУ, тогаш би можело да се премине на диференцијација во рамките на ЕУ, која би довела до четири нивоа интеграција – прво, внатрешен круг на земји со посилна интеграција во области како што се заедничката валута (Еврозоната) и подрачје без гранична контрола (Шенген зоната), второ, самата ЕУ, трето, поголем круг со придружни членки, во чии рамки би бил можен пристап до единствениот пазар и почитување на заедничките принципи, и како четврто, Европската политичка заедница (ЕПЗ), како надворешен слој за политичка соработка, при што вклучените земјите на мора да бидат обврзана на почитување на правото на Унијата.

    Извештајот вчера беше претставен на Советот за општи работи на ЕУ, во рамки на точката за подготовките за претстојниот октомвриски Самит на Унијата. Како автори на извештајот се наведени Оливие Коста, Даниела Шварцер, Первонш Берес, Жил Гресани, Гаел Марти, Франц Мајер, Ту Енгвиен, Николај фон Ондарца, Софија Русак, Фунда Текин, Шахин Вале и Кристин Верже.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img