Јавноста во Франција беше шокирана откако рагбистите Оскар Јегу и Уго Урадо завршија зад решетки обвинети за сексуална злоупотреба.
Во моментот на апсењето, двајцата биле на јужноамериканска турнеја со француската репрезентација.
– Засега не ги знам деталите. Истрагата е во тек и доколку се потврдат наводите се работи за многу сериозна работа. Потпретседателот на синдикатот Жан-Марк Лерем и јас пристигнавме овде од Париз веднаш штом дознавме за овој случај – изјави претседателот на Францускиот рагби сојуз, Флоријан Грил.
Тој најостро го осуди срамниот потег на споменатите рагбисти.
– Повторувам, доколку се потврдат обвинувањата, однесувањето на овие играчи е спротивно на сѐ што е рагби – изјави Грил по пристигнувањето во Буенос Аирес.