More

    Повредата на колкот го принуди Алекс Де Минор се повлече од турнирот

    spot_img

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без борба се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, откако неговиот денешен четвртфинален противник Алекс Де Минор поради повреда се повлече од грандслем турнирот.

    По повредата која ја доби на мечот против Артур Фис, Де Минор денеска одлучи да не ги продолжи натпреварите на Вимблдон, откажувајќи го дуелот со Ѓоковиќ.

    – Очаен сум, но поради мојата повреда на колкот, почувствував крцкање во последните три бода. Докторот потврди дека се работи за повреда и дека е голем ризик. Не сум сигурен за времето на опоравување. Може да биде од три до шест недели, во зависност од реакцијата на телото. Не е тајна дека ова требаше да биде најголемиот меч во мојата кариера. Сакав да играм по секоја цена, но резултатите од прегледот вчера беа такви што ако ризикував едно лизгање, едно движење може да ја влоши ситуацијата и да ја претвори во четиримесечна повреда. Разочарувачки е бидејќи не можев да уживам во она што го постигнав оваа недела. Веднаш знаев дека се случило нешто лошо – изјави Де Минор.

    Сега Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Лоренц Музети и Тејлор Фриц.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img