Француски ракометар завршил во затвор ден по освојувањето на златниот медал на ЕП

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Францускиот ракометен репрезентативец Беноа Конку (26) кој во неделата со репрезентацијата на Франција освои златен медал на Европското првенство во Германија, еден ден потоа бил уапсен во Париз поради обид за силување во ноќен клуб.

Неколку француски медиуми објавија дека Кунку во алкохолизирана состојба се обидел сексуално да нападне девојка, по што интервенирало обезбедувањето и била повикана полиција.

 

Ракометарот завршил во притвор, каде што бил испрашан за инцидентот, по што била отворена истрага за расветлување на случајот.

Француската полиција потврди дека Конку е во притвор по обвинение од 21-годишна девојка дека се обидел да ја за силува.

Share This Article