More

    Тажна семејна приказна излезе на виделина

    spot_img

    Пријателите на популарниот пејач Џеј Рамадановски, четири години по неговата смрт, ја откриваат тажната семејна приказна која за малку можела да заврши со трагедија. Џеј бил многу разочаран и лут на својот поранешен зет, исто така популарниот пејач Адил, дури и сакал да го убие кога разбрал дека тој ја претепал неговата ќерка Ана додека била бремена.

    Најдобриот пријател на Џеј Рамадановски откри дека пејачот седум години не разговарал со Адил, но пред смртта решил да му прости.

    – Џеј Рамадановски му прости на зетот Адил пред смртта. Двајцата долго време не разговараа. Сите знаат што се случи и зошто Џеј тоа го здоболе многу. Не е лесно да се помине преку тоа, особено кога станува збор за ќерката. Имаше големо срце и на никој ништо не му замеруваше. Адил е негово дете од крајот, учеше од него, секаде одеше со нас. Знам дека му прости – откри за српските медиуми Зоран Јагодиќ – Руле, долгогодишен пријател и кум на покојниот пејач.

    Тој се присетува и дека на Џеј во лутината сакал да го убие Адил, но во тоа го спречиле пријателите…

    Неколку дена откако почина Џеј на 6 декември 2020 година се огласи и неговиот зет преку Инстаграм:

    „Стар мој, ти беше најмузикалниот човек што го познавав, пејач со најмногу душа … Додека другите плачеа или се радуваа со твоите песни, јас комплетно фасциниран ја апсорбирав секоја фраза што ја пееше, ти волшебно го правеше тоа … Украдов сè што ми дозволи … Благодарам“ – напиша Адил во прошталната порака.

    „Знам дека се умори, но на сите им недостасуваш. На твоите деца најмногу. Среќни сме само што последниот ден од животот го помина со семејството … со своите внуци … не ни помислувавме дека тој ти е последен“.

     

    Во дел од пораката, Адил ја споменува и нивната долгогодишна кавга.

    „Драг Џеј, никогаш не сме се скарале, а не разговаравме со години. Прости ми што бев сум лут на тебе премногу долго. Оној горе сакаше да се разделиме вака. Барем уште неколку години да поживееше. Па јас и ти да седнеме. Да ти ја запеам ‘Сајбија’… Да се прегрнеме … и да заплачеме“ – напишал Адил.

    Ќерката на Џеј, Ана Максутовиќ, помина низ тежок период кога нејзиниот татко почина. Иако претходно во 2013 година, таа преживеа турбулентен период со Адил, по семејното насилство, тој беше најголемата поддршка на Ана кога го загуби татко и.

    фото: принтскрин Фејсбук

     

    И покрај бројни подеми и падови во нивната врска, Ана и Адил успеаја да ги надминат несогласувањата за доброто на нивните заеднички синови и да ја пребродат тешката ситуација со која семејството се бореше со години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img