Околу 10.000 полицајци, од кои пет илјади во Париз, беа мобилизирани пред полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Мароко во средата навечер.
Ова го соопшти Жералд Дарманин, министер за внатрешни работи на Франција. Иако беше најавено и побарано од градоначалникот на Париз, најпознатата улица „Елисејски полиња“ нема да биде затворена за сообраќај за време на натпреварот.
Во саботата вечерта во Париз имаше околу 1.500 полицајци, кои ја надгледуваа првата прослава на мароканските навивачи, а потоа и репрезентацијата на Франција која избори пласман во полуфиналето.
Мароканците имаат огромна дијаспора во Франција и полицијата ги презеде сите превентивни мерки за да спречи евентуални конфликти по натпреварот, чиј влог е пласман во финалето на планетарното првенство.