More

    Фотографијата од бебе како лежи на подот на концертот на Тејлор Свифт ги налути сите

    spot_img

    Обожавателите на музичката ѕвезда Тејлор Свифт се огорчени откако ја виделе фотографијата од бебе кое лежи на подот на арената во текот на еден од концертите на пејачката во склоп на турнејата „Ерас“ во Париз.

    На платформата Икс, поранешен Твитер, е објавена фотографија на која се гледа како бебе спие на подот во стоечкиот дел на Арената „Ла Дефенс“ и човек кој стои над него.

    Објавата предизвика стотици негативни коментари.

    „Искрено би повикал обезбедување ако видам бебе на подот бидејќи таму НЕ е безбедно“, „Како мајка на бебе, не можам да замислам да го однесам на концерт. Барем бебето треба да биде во носилка и да има заштита за уши“, „Како можеле воопшто да помислат дека е добра идеја да се донесе бебе на настани како овој“, „Доколку случајно дошло до итен случај и сите морале да се евакуираат, тоа бебе ќе било прегазено“, „Ова е болно и неодговорно“, се дел од коментарите.

    Претставник за „Ла Дефенс арена“ изјавил за „Пејџ сикс“ дека „општите услови за продажба наведуваат дека сите малолетници кои имаат билет за концерт во париската арена „Ла Дефенс“ мора да бидат придружувани од возрасна личност. Децата помлади од 18 години остануваат под одговорност на нивните законски старатели, тоа е правилото на местото. За родителите кои биле со мало дете бил предложен алтернативен распоред за седење, но тие го одбиле“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img